Создаден најпрецизниот атомски часовник

атомски часовникЈапонски експерти го создале најпрецизниот атомски часовник создаден досега. Часовникот со „оптичка решетка“ е толку осетлив што може да ги датектира промените во гравитацијата на Земјата и ќе им овозможи на научниците да го мерат времето до неверојатни 17 бројки.
 

Часовникот исто така драматично ќе ги подобри системите за GPS следење и ќе овозможи детекција на висински промени од 10 сантмиетри. Јапонскиот тим вели дека ова е значаен чекор напред за една од најпрецизните направи за мерење време. Атомските часовници се користат за одредување на Меѓународното Атомско Време или Универзалното Координирано Време, кои се различни но попрецизни од времето кое ние го користиме.

Но, со текот на годините дури и атомските часовници губат од својата прецизност и мораат да бидат поместувани за да се надоместат загубените делови од секунда. Ова се случува поради „Дик ефектот“ кога несаканиот шум од ласерот вграден во часовникот предизвикува изместување на времето. Часовникот со оптичка решетка го избегнува ова и е многу постабилен што значи дека нема да има потреба за негово местење толку често.
 
Часовникот бил создаден од професор Хидетоши Катори и неговиот тим од Универзитетот од Токио со помош од професор Виктор Фламбаум од Универзитетот од Нов Јужен Велс во Австралија. Професор Фламбаум вели дека часовникот е како табла за јајца со атоми вметнати во вдлабнатините. „Часовник со јони нормално работи со еден атом и мора да работи долго време за да постигне прецизност“ изјавил професорот. „Во новиот часовник можете да манипулирате со илјадници атоми, што значи дека резултатот може да биде постигнат многу побрзо.“ [Scientists invent atomic clock that is so accurate it can detect changes in Earth’s gravity]

Прочитајте и:  Првиот сателит со дрвени панели лансиран во вселената
- Реклама -