Совршена дестинација за меден месец

Откако ќе ја крунисате љубовта со брак, едно од најголемите задоволства што ви претстојат е уживањето во медениот месец. А, каде би било посоодветно да го поминете овој прекрасен период отколку на најромантичниот остров во Грција.
Островот Лефкада, кој се наоѓа во Јонското Море, претставува еден од најголемите острови на територијата на Грција. За разлика од Закинтос, кој е прогласен за центар на забавите во летниот период, Лефкада е место попогодно за романтични одмори, за вљубени парови, за оние што одат на одмор за да создадат спомени што ќе им траат цел живот.

86_full

Лефкада изобилува со романтични места кои задолжително треба да се посетат во текот на престојот. Не ја пропуштајте можноста да ги видите пејзажите од кои застанува здивот, локациите каде што копното и морето се во постојана битка, местата каде што ќе создадете вечни спомени со специјалната личност во вашиот живот и од каде што сигурно ќе извадите безброј фотографии со кои ќе можете да се пофалите пред пријателите.

65454Lefkas

Без разлика дали сте заинтересирани за одлични плажи на кои ќе можете да го поминете драгоценото време, места за прошетки кои се неспоредливи според својата убавина или пак планини коишто можете да ги истражувате со денови; Лефкада ќе ви понуди сѐ. И токму затоа ви ја препорачуваме оваа дестинација како идеална за вашиот меден месец.

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -