Совршен возач цели 82 години!

 

    1200258509_82
    Мјуриел Гладвин вози веќе 82 години, што е доста долго време, но уште поинтересен е фактот дека таа во својата кариера како возач на автомобил никогаш нема направено ниту еден  сообраќаен прекршок!

     94 годишната госпоѓа има поминато над 960 000 километри, од своето прво возење на 12 годишна возраст, кога за прв пат скришно го возела семејниот Форд Т Модел. На 14 години го напуштила училиштето и почнала да работи како разнесувач на леб. Возачкиот испит го полагала на 17 години.

    Таа вели дека нејзината тајна е многу едноставна.Само ги почитувам сообраќајните правила и прописи, вели Мјуриел. Ако на знакот пред менеима максимално дозволена брзина од          60 км/h, јас не возам повеќе од тоа.

    Секоја чест.Бабичкава навистина знае да вози!   

- Реклама -