Според податоци објавени во Molecular Cancer Therapeutics, комбинацијата на тетрахидроканабинол THC и фармацевтскиот агенс темозоломид (TMZ) демонстрира силна активнст против канцерогените клетки на тумори кои се отпорни на конвенционалните третмани.
Истражувачите од Шпанија ја оцениле анти-канцерогената активност на состојките THC и CBD (канабидиол) во ткива со глиома. Тие откриле дека комбинацијата на THC и TMZ (утврдениот агенс за справување со глиобластома) го подобрила процесот на програмирана смрт на клетките кај малигните ткива. Комбинацијата на THC, CBD, и TMZ „значително го намалило растот на глиома ткива… и создала силна анти-канцерогена активност кај туморите кои се чувствителни на TMZ и кај оние тумори кои покжауваат отпор на TMZ“.
Научниците заклучиле: „Нашите резултати покажуваат дека комбинацијата од TMZ и канабиноиди би можела да си искористи за справување со GBM (gliobastoma multiforme)“. Пилот студија објавена во 2006 година покажала дека употребата на THC била поврзана со намалување во множењето на канцерогените клетки кај двајца од девет пациенти со GBM, форма која е отпорна на конвенционалните методи за борба против ракот.
Неколку студии ги оценуваат анти-канцерогените способности на канабиноиди и ендоканабиноиди покажуваат дека овие супстанци можат да го ограничат размножувањето на канцирогените клетки на повеќе форми на рак, меѓу кои се и рак на дојка, простата, дебело црево, кожа, бели дробови, матка, панкреас, како и лимфома и леукемија. [A combined preclinical therapy of Cannabinoids and Temozolomide against glioma]