Сорбе за возрасни

pyramid_shopЉубителите на вино конечно имаат можност да уживаат во еден навистина уникатен десерт, направен токму од „крвта на животот“. Наместо познатото сорбе направено од вода и овошен сок, wine cellar нудат еден многу попримамлив избор: сорбе од вино. Сорбето содржи околу 5% алкохол, a идејата потекнува од Бруклин каде Дејвид Заблоки и Брет Бимбаум неколку години работат на соединувањето на виното и храната во една целина. Во моментов нудат 6 различни вкусови: Сангриа, Шампањ, Розе, Ризлинг, Каберне Совињон и Пино црн, а планираат да воведат уште нови вкусови. За сега, ова сорбе е достапно само во САД, но се планира негова дистрибуција низ целиот свет. [winecellarsorbet.com]

Прочитајте и:  За да го намалите ризикот од деменција, ограничете ја консумацијата на еден вид пијалок
- Реклама -