Сообраќајка на автомобил со тенк

Во Германија се случила несекојдневна сообраќајна несреќа, кога Тојота Јарис се судрила со британски тенк Челинџер 2.

Зад воланот на Тојотата се наоѓала 18 годишна девојка, која од засега непознати причина удрила во тенкот од 62 тона, од предната страна. Возачот на тенкот, 24 годишен британски војник по несреќата изјавил дека имал време да го сопре тенкот, кога увидел дека автомобилот се движи директно во него.

soobrakjajka2

За среќа, во сообраќајката младата девојка поминала неповредена, а штетата на автомобилот е проценета на околу 12.000 евра, додека тенкот не претрпел никаква штета.

Од британската команда само кратко соопштиле дека во текот на транспортот на воените возила, особено тенковите и други оклопни возила, возачите почитуваат строга процедура околу безбедноста.

- Реклама -