Home Букаке Гитара на Ерик Клептон оди на аукција, почетна цена: 300.000 до 400.000 фунти

Гитара на Ерик Клептон оди на аукција, почетна цена: 300.000 до 400.000 фунти

0
Гитара на Ерик Клептон оди на аукција, почетна цена: 300.000 до 400.000 фунти

Стара гитара, со којашто британскиот музичар Ерик Клептон ја компонирал својата позната балада „Wonderful Tonight“, ќе биде понудена на наддавање во јуни.

Легендарниот гитарист го купил жичаниот инструмент во средината на 1970-тите. Во соопштението на аукциската куќа „Бонам’с“ се наведува дека гитарата ќе биде понудена со карактеристичното оштетување од цигарите коишто Клептон ги оставал меѓу жиците на инструментот.

„Тој ја користел оваа гитара при компонирањето неколку песни, вклучувајќи го и хитот од 1977 година за моделот Пети Бојд. Според кажувањата, Клептон ја напишал песната ‘Wonderful Tonight‘ додека ја чекал Пети Бојд да се подготви за забава”, соопшти „Бонам’с“. Во известувањето се додава и дека акустичната гитара „Мартин 000-28“ од 1974 година има и налепница со натпис: „Таа е вљубена во човекот за родео“ (She’s in Love with a Rodeo Man), алудирајќи на хитот на кантри-музичката ѕвезда Дон Вилијамс.

Клептон ја продаде гитарата на хуманитарна аукција во 1999 година. На 12 јуни инструментот повторно ќе биде понуден на наддавање во Лондон, Велика Британија, со почетна цена од 300.000 до 400.000 фунти (349.000 до 466.000 евра).

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here