Наспијте се за здраво срце

Она што од одамна ни беше познато – сега го потврдија и научниците од Универзитетот Чикаго – ако имате редовен и квалитетен сон, ќе имате здраво срце и крвни садови.

Научниците од Универзитетот во Чикаго направиле истражување во кое учествувале 500 луѓе на возраст од 35 до 47 години и заклучиле дека лицата што имаат поквалитетен и редовен сон имаат помали шанси за инфаркт и срцеви заболувања и дури тројно помали шанси за атеросклероза и други васкуларни пореметувања.

Кај доброволците биле направени испитувања при што се утврдила состојбата на срцето и крвните садови, а потоа испитувањата биле повторени по 6 години. Резултатите биле очигледни. Повеќе од 30 % од луѓето кои нередовно спиеле имале пореметен кардиоваскуларен систем.Во испитувањето ги зеле предвид пушењето и алкохолот, како и сите други штетни влијанија, по што истражувањето е направено многу поверодостојно – тврдат експертите.

Прочитајте и:  Дали сакате да го намалите внесот на кофеин? Обидете се со овие мали промени

Научниците потенцираат дека седум часа дневно сон е идеално за здраво тело и здрав кардиоваскуларен систем и потенцираат дека освен на срцето и крвните садови, нередовниот сон влијае и на имунитетот и на психата и дека нередовното спиење полека но сигурно води кон болест.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -