Редовен сон и добро расположение за подолг живот

Доколку имаме редовен сон и редовно ведро и оптимистичко расположение, имаме големи шанси да доживееме длабока старост – тврдат лекарите.

Спиење 7-8 часа дневно е најздраво

Спиењето по седум до осум часа дневно е најздраво за вашето тело. Доколку редовно спиете по 7-8 часа имате помали шанси да заболите од разни болести, ќе имате здрав и стабилен имунитет и намален ризик од деменција.

Малку сон преку ден е здраво

Дали и вие се вбројувате во луѓето кои имаат навика да дремнат малку во текот на денот? Доколку не се претера, тоа е здраво. Од триесет до шеесет минути сон преку ден го намалува ризикот од коронарни срцеви болести до 40 %.

Прочитајте и:  Оваа секојдневна навика може да го намали ризикот од деменција за 12 проценти

Прекумерното спиење не е здраво

Да, неколкупати спомнавме дека спиењето редовно и доволно долго е здраво, но без претерување. Доколку спиете повеќе од 9 часа дневно тоа не се вбројува во здрави навики.

Оптимизамот – силен сојузник на здравјето

Оптимистите живеат за 19 % подолго од песимистите. Зошто? Затоа што помалку се изложуваат на непотребни стресови и нервози за разлика од песимистите. Според некои научници веројатноста дека ќе умрете од срцев удар е три пати помала доколку умствено не се грижите по ова прашање.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -