Барселона со 2-1 победи на гостувањето кај Атлетико Мадрид, Каталонците на Висенте Калдерон се појавија како шампиони во Примера.
По синоќешниот нерешен резултат на Реал Мадрид на гостувањето кај Еспањол, Барселона како шампион отпатува на гостувањето кај Атлетико Мадрид.
Домашните фудбалери традиционално го поздравија новиот шампион кој со победа од 2-1 ја прослави титулата.
Атлетико Мадрид дојде во водство во 51. минута од натпреварот со погодок на Фалкао.
Во 72. Санчез го изедначи резултатот на 1-1, а Габи во 80. си постигна несреќен автогол за пресврт и победа на Барса од 2-1.
Претходно Валенсија со убедливи 4-0 победи на гостувањето кај Рајо Ваљекано, Бетис со 1-0 славеше против Селта.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал