Со лук, против комарци

Промената на начинот на исхрана, која што подразбира конзумирање на повеќе овошје и зеленчук, а помалку месо и слатки, ќе ги избрка комарците од вас. Другиот начин за да ги откачите е да јадете лук. Токму ова се најдобрите методи да се спасите од неподносливото зуење што наговестува дека наскоро ќе бидете каснати, порачува доктор Хадемар Банкхофер од Виена. Препораките се базираат на истражувањето кое покажа дека комарците особено сакаат луѓе со „кисела крв“ т.е. луѓето што јадат многу повеќе месо и слатки.

Околу јадењето лук; луѓето кои едноставно одбиваат да го јадат поради миризбата, можат да го пресечат на половина и со лукот да ги истријат стапалата. Еден час подоцна телото ќе мириса исто како да сте го изеле зеленчукот, што е гаранција дека комарците ќе исчезнат од просторијата.

Овие инсекти не го сакаат ни мирисот на витамин Б, па затоа во исхраната би требало да внесете производи како интегрално брашно, пченица, млечни производи, печурки, ореви… Или, како што советува Банкхофер, да го намачкате телото со масло од лаванда, ловор или јаболков оцет.

- Реклама -