Најновите сознанија кои произлегуваат од последното истражување во кое учествувале повеќе од половина милион луѓе на возраст од 50 до 71 година, укажуваат дека со пиење на 3 шолји кафе дневно се намалува ризикот од ненадејна и прерана смрт.
Зголемената количина кофеин во организмот се смета за нездраво, но според ова истражување, кое го спровело Националниот американски институт за рак, покажало значително се намалува ризикот за смрт од инфаркт, инфекција на респираторниот систем, мозочен удар, дијабетес и од разни други заболувања.
„2-3 шолји кафе дневно го намалуваат ризикот за прерана смрт за 10-15 %, но зголемувањето на дозата не значи дека по автоматизам ќе се намали ризикот, па токму затоа не треба да се претерува“ – вели д-р Нил Фридман, член на истражувачкиот тим.
Испитаниците биле следени во период од 12 години, а нивните навики укажувале на позитивно делување на кафето врз здравјето.
За жал, во истражувањето е дојдено до заклучок дека луѓето кои го пијат овој напиток пушејќи цигари всушност имаат зголемен ризик од ненадејна и прерана смрт.