Со јога до подобар секс и побрз оргазам

Повеќе...

Јогата е уметност на живеење. Способност да се биде во контакт со себе и да се воспостави хармонија во животот, баланс меѓу активностите и одморот, меѓу стресот и релаксацијата, меѓу надворешното и внатрешното.


yoga.jpg

Овој систем на психо-физички техники ја забрзува циркулацијата, опушта и го полни телото со енергија. Со јога расте самодовербата и се ослободува сексуалната енергија. За подобрување на сексуалниот живот и како најдобра активност сексолозите избраа јога, а тоа се постигнува со примена на неколку методи.

Ослободување од стресот! Техниката на дишење подразбира дишење со полна плуќа што резултира со намалување на чувството на анксиозност и подобрена циркулација. На тој начин стресот полека исчезнува, а кога него веќе го нема сѐ останато полека си доаѓа на свое место, чувството е подобро и се постигнува хармонија.

Со јога вежбите се стекнува поголема контрола врз мускулите, а и оргазмите. Применувајќи ги техниките на јога за време на сексот задоволство може да се продолжите и зголеми.

Поголема енергија – повеќе истрајност во креветот. Да се има кондиција, да се биде физички активен и да се применуваат методите за опуштање и ослободување од стресот се чекорите до одлична енергија, благодарение на јога. Со самото вежбање станувате се посвесни за вашето тело, неговите можности и граници. Истовремено се развива флексибилност, координација, рамнотежа, физичка и психичка снага, се што е потребно додека водите љубов. Вие сте грациозни и полни со самодоверба и знаете кои се вашите способности.

Се подобрува чувството за предигра и желбата за нови пози. Колку е подобра предиграта толку и задоволството е поголемо. Јогата нѐ учи како подобро да го припремиме нашето тело за тоа да нѐ награди со подобро чувство.

Паровите кои заедно вежбаат јога учат како да го ускладат дишењето и покретите, што значи напредок во сексот, а и во врската. Јогата нуди нови погледи на животот. Ќе се чувствувате многу подобро и ќе заблескате во секој поглед. А сето тоа се должи на подобро разбирање и поврзување на вашиот ум и тело.

- Реклама -