Според сознанијата на маркетинг агенцијата Bird Strategy, повеќе од 30 отсто од руските возачи паркираат на места за инвалиди, комплетно игнорирајќи ги сите ознаки на таквите паркинг-места.
Па, кога не сака со убаво, обично сака со јавно осудување и посрамување. Така, во соработка со Dislife – организација за правата на инвалидите, Bird Strategy решија да им го плеснат проблемот во фаца на истите тие возачи што го креираат, со проектирање на холограми од лица со инвалидитет директно пред ветробранското стакло на непрописниот паркирач.
За да ја креира илузијата, тимот се служи со речиси невидлива водена пареа која ја напрскува на самото паркинг-место, а која потоа служи како екран на кој ќе се прикажат подвижните снимки од прекорливите лица на оние на кои тоа место вистински им припаѓа. Во процесот се вклучени и специјални камери кои верификуваат дали возачот што се паркира има налепница со ознака за инвалидитет на ветробранското стакло, а ако таков стикер не е детектиран, се активира холограмот.
Вака тоа изгледа: