Пристигна втората генерација на “Jersey Shore”. Дваесет и четири годишната Никол „Снуки“ Полици вчера се породи.
Снуки ја најави приновата на Twitter, пишувајќи “I am SO IN LOVE with my son Lorenzo Dominic ! I had my little man last night, healthy at 6lbs! HE’S MY WORLD! ❤.”
Малиот Лоренцо, или „Енцо“ накусо, бил роден околу 3 часот локално време во Ливингстон Њу Џерси. „Светот пречека уште еден Гвидо!!!“ изјавил претставникот на Снуки за MTV. „Никол, Џиони и Енцо се супер!“
MTV им честиташе на Полици и нејзиниот свршеник во исчекување на првото појавување на бебето на “Jersey Shore”. „Не можеме да бидеме посреќни за Никол и Џиони и нивната принова. Со нетрпение го чекаме првото појавување на Лоренцо на Jersey Shore и неговата прва облека со леопард шара.“ Сè уште нема фотографии од бебето, но интернетот понуди неколку интересни предлози:
Никол Полици, попозната како Снуки стана популарна откако стана дел од реалното шоу Jersey Shore но најпопуларниот настап ѝ е појавувањето на South Park . MTV ја обнови неверојатната драма на реалното шоу за шеста сезона во која Снуки ќе биде еден од централните ликови.
{youtube}1IGAcp0kptA{/youtube}