Смртоносно селфи!

Tинејџер од Хјустон го загуби својот живот пробувајќи да направи Инстаграм селфи.

tinejder-se-sluajno-upucao-dok-je-slikao-selfi-body-image-1441194524

Пред два дена еден тинејџер од Хјустон го загуби својот живот пробувајќи да направи Инстаграм селфи додека во раката држел наполнет пиштол потпрен на главата. Генијална идеја. Умира на лице место. За жал… ниту еден лајк.

Имено, како што потврдува полицијата во Хјустон, деветнаесет годишниот Смит позирал за Инстаграм селфи заедно со неговиот роднина. Во тој момент, пиштолот испалува. Смит умира на лице место. Зад себе остава две ќерки. Семејството исклучува секаква можност за самоубиство.

За жал, ова не е првата жртва на селфито.

Во јули слушнавме дека еден човек умрел во моментот додека правел селфи, а теоријата е дека удрил гром во неговиот селфи стик. Мај, тинејџерка од Романија пробува да направи селфи на врвот на
воз и се заплеткува во електричните кабли. Двајца млади дечки загинуваат на Уралските планини додека пробуваат да направат селфи со активирана бомба.

Оваа ситуација укажува на фактот дека бројот на смртни случаи кои ги носи селфито е прилично висок.

Наскоро можеби поголема ќе биде веројатноста да загинете при сликање селфи, отколку да ве прегази кола на пешачки.

- Реклама -