Некои ситници можат навистина да ви го расипат денот. Но овие изуми докажуваат дека секогаш постојат решенија и за најкомплицираните ситуации.
Некои ситници можат навистина да ви го расипат денот. Но овие изуми докажуваат дека секогаш постојат решенија и за најкомплицираните ситуации.
Една автобуска компанија во Кина реши да преземи драстични мерки за да ги натера возачите на автобуси да возат побавно – им постави садови со вода до нив. Возачите така мора да возат многу внимателно, за да не се истури ниту капка вода од садот што им виси покрај нив. Од нив се очекува на крајот од нивната смена садовите во автобусите да ги вратат полни со вода, а компанијата ги предупредува возачите дека тие ќе бидат снимани за да бидат сигурни дека не го дополниле садот со вода.
Дали ви е смачено сите да се плашат од вашиот сладок доберман? Не се грижете еве решение за вас – AttackChi нуди трансформација на изгледот на сите т.н. опасни раси на кучиња. На пример, вашиот доберман може да биде трансформиран во пудлица.
Еднаш одамна си бил еден мрзелив земјоделец кој го мразел наѓубрувањето најмногу од се. Така еден ден дошол до генијална идеја. Со помрднување на столицата по половина метар секој ден, тој ќе може да ја наѓубри целата нива додека си го решава своето утринско судоку.
Овај еко френдли тоалет на дрво освен што ги решава „итните“ проблеми добар е и за околината. Неговиот изумител вели дека може да се поврзе со централниот одводен систем, но систем за инфилтрација би бил добар начин да се „нахранат“ дрвата со азотот кој им е потребен.
Косилка на трева придвижувана од велосипед
Никој не сака да биде стереотипен турист кој го листа речникот за да го најде соодветниот начин како да праша каде се наоѓа или во кој правец треба да се движи за да стигне некаде. Еве едно многу едноставно и елегантно решение за јазичните бариери, креирано од Art Lebedov. Се што треба да направите е да покажете на она што го барате, а потоа на знакот прашалник (збунет поглед исто така може да помогне).