SMART ВЕДНАШ НА СТАРТОТ СО EDITION 1 ЗА FORFOUR

Производителот на компактни автомобили Smart ќе лансира специјална верзија на новата генерација ForFour, која ќе го носи името Edition 1.

Слично на водечкиот бренд на концернот Daimler, на Mercedes-Benz, Smart ќе нуди ForFour Edition 1 во првите 12 месеци од појавувањето на моделот. Тој ќе се одликува со уникатна опрема, а ќе биде достапен исклучиво во боја графит сиво, комбинирана со портокалова или црна. Во стандардната опрема на ForFour Edition 1 влегуваат уште 16-инчни тркала и спортско подвозје, кое е намалено со 10 mm во однос на стандардниот модел. Автомобилот располага, исто така, со решена во црно маска на ладилникот и панорамски стаклен покрив. Внатрешноста е опремена со комбинација од истите бои, а присутни се уште велур патосници, мулти управувач со три краци, хромирани детали, 3.5-инчен дисплеј, клима уред, аудио систем, педали од нерѓосувачки челик и друго.
Од Daimler не ја објавија и цената на ForFour Edition 1. Се наведува само дека машината ќе биде достапна во текот на првите 12 месеци, по пазарната премиера на моделот.
Текстот е објавен во соработка со avtoplus.mk.
- Реклама -