Случајни откритија кои го променија светот

viagraИако ја промашиле својата првобитна намена, овие случајни откритија денес имаат многукратна примена.


viagraИако ја промашиле својата првобитна намена, овие случајни откритија денес имаат многукратна примена.

1. Пеницилин
„Принцип на ограничен пропуст“ е фраза која се користи за да се опише случајно откритие кое на крајот му помогнало на човештвото. Најдобар пример е Александар Флеминг. На половина од својот експеримент со бактерии, тој одлучил да направи пауза и да замине на одмор. Несмасен каков што бил, ги оставил лабараториските садови во мијалникот. Кога се вратил, забележал дека бактериите се прошириле надвор од садовите, освен на местото каде се формирала мов. Ова довело до откривањето на
пеницилинот.

2. Коњак (Brandy)

Холандските морепловци во 16 век имале обичај да греат вино за да добијат концентрат кој полесно би се транспортирал, после што повторно би додале вода кога пијалокот ќе стигне на местото на пристигнување. Но, така беше откриено дека концентрираното вино е подобро од разводнетото. „Запаленото вино“ или „brandewijn“ на холандски, станало голем хит.

3. Анестезија
Хорас Велс е американски заболекар кој прв започнал со употреба на диазотен оксид во стоматологијата уште во 1844. Во текот на своите рани денови, диазотниот оксид бил составен дел на разни забави, бидејќи од него луѓето се смееле како хиени. Но еден пријател на забарот зел поголема количина од оваа супстанца и си ја пресекол ногата. Не ни сфатил дека се поврдил и така диазотниот оксид станал ран облик на анестезија.

4. Сахарин
Откако го поминал денот проучувајќи ги дериватите на катранот, Константин Фалберг ја напуштил лабараторијата и тргнал на вечера. Нешто од тоа што јадел било многу благо, што му го препишал на хемикалијата која случајно ја истурил на раката. И она што било најдоброто од се е што таа не содржела калории.

5. Гума за џвакање
Томас Адамс во 1870 експериментирал со смолата на јужноамериканското дрво кое требало да послужи како замена за гумата. После неколку промашувања, обесхрабрениот пронаоѓач ставил парче од гумата во устата. И му се допаднало. Резулататот на тоа била „Adams New York No.1“, првата гума за џвакање во масовно производство.

6. Ботокс
Alastair и Jean Carruthers користеле мали дози од смртоносоен токсин за да лечат спазма на очните капаци и други проблеми со мускулите на очите, кога забележале интересна нуспојава. Брчките околу очите магично исчезнале и така во 1987 се роди ботоксот, хит меѓу познатите и славните.

7. Виагра

Во лабаторијата на фармацевтската компанија Pfizer, виаграта беше синтетизирана во 1985 година, а првобитната  намена и беше лечење на повишен притисок. Во текот на клиничките испитувања луѓето испитаници пријавиле дека лекот влијае ефективно и при проблеми со ерекцијата, па истражувањата се пренасочиле во тој правец во 1993 година. Во 1998 лекот е регистриран и воведен на пазарот после опсежни испитувања во кои силденафил бил ефикасен кај 70% од испитаниците. После доаѓањето на виаграта на пазарот во светот се појавило огромно интересирање за тој лек бидејќи дотогаш не постоел ефикасен и добро поднослив лек за лечење на пореметувањата на ерекцијата кој се замал во облик на таблета. Виаграта денес се продава во повеќе од 90 земји во светот и до сега е продадено повеќе од 400 милиони таблети. Се проценува дека ги користат околу 12 милиони мажи.

- Реклама -