Ако прашањето беше која земја од Балканот прва ќе создаде супер автомобил, тогаш одговорот на ова прашање е Словенија.
Додека Хрватот Мате Римац го довршува својот концептен електричен автомобил, неговиот колега Аљоша Тушек веќе го претстави својот првенец, за кој вели дека во целост е изработен во Словенија, на саемот Top Marques Monaco пред два викенда.
Renovatio T500 го придвижува мотор со внатрешно согорување на кој се потпишува Ауди. Се работи за 4,2-литарскиот атмосферски мотор кој се наоѓа и кај RS4 и R8, а заедно со рачниот менувач е заслужен за 444 КС и спринт до стотка за 3,7 секунди, односно максимална брзина до 310 км/ч.
Бидејќи возилото до некаде е изработено од јаглеродни влакна и композитни материјали, Renovatio T500 тежи вкупно 1.333 килограми.Цената? Renovatio T500 чини 293,5 илјади евра, а дека амбицијата не престанува тука, доказ е и следниот модел насловен како Forego T700, кој би требало да биде полесен од еден тон со 700 КС.
Објавено во соработка со Емитер.