Слики од златниот iPhone 5S

Златната верзија на iPhone 5S заедно со класичниот црн и бел модел на iPhone се појавија на повеќе слики.

gold-iphone-3

Овој пат, сликите ги постираше јапонската веб страна ASCII.jp прикажувајќи го моделот на претстојниот iPhone 5S во златна варијатна веднаш до постарите модели на iPhone 5. Според сликите, покривката на златниот iPhone 5S има светла шампањ боја, што значи дека се потврдуваат гласините до сега, дека уредот ќе има помалку златни нијанси отколку што многу луѓе очекуваа.

gold-iphone-1530x290_230813_004534

Се очекува Apple официјално да ја лансира следната генерација на своите iPhone модели на 10ти септември на прес конференција прикажувајќи ги двата iPhone 5S и 5C. iPhone 5S би требало да има побрз процесор, надградена камера со двоен-LED блиц, како и скенер за прсти кој ќе ги идентификува корисниците.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -