Петтата генерација на iPad од Apple доаѓа оваа есен и тоа значи дека почнуваме да добиваме слики од новиот уред.
FanaticFone штотуку објави свежи слики од задната покривка на iPad-от, а исто така откри дека неговата рамката е со димензии од 24 сантиметри на 16.8 сантиметри, што е нешто помал од сегашната генерација на iPad кој е со димензии од 24 см на 18.6 см.
Исто така, FanaticFone тврди дека “растојанието помеѓу границата и екранот на iPad 5 е многу помало од она на претходните iPad-и“ и сега изнесува 3 милиметри, што потврдуваат претходни извештаи дека Apple ќе се обиде да го намали одредувањето на рамката на својот следен iPad за да го направи да изгледа повеќе како на iPad mini.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk