Во борбата со коронавирусот Северна Македонија го користи системот за командување со инциденти на НАТО од напредната генерација – NICS, соопштија од Брисел, а посочи и портпаролката на НАТО – Олеана Лунгеску, преку Твитер.
Целта е координација на одговорот на кризата предизвикана од Ковид-19, но и обезбедување јавни информации и совети за справување во реално време.
Како што наведуваат од Брисел, системот со кој се координираат сите тела на Владата во случај на вонредна состојба, земјава го усвоила во 2019-та, а сега истиот е адаптиран и за подобро справување со Ковид-19.
Освен тоа, NICS (Next-Generation Incident Command System) овозможува и информации за јавноста во реално време, меѓу кои и ширењето на вирусот според областа, но и колку се во самоизолација, колку се во карантин и колку под надзор, како и информации за тоа кого треба да контактирате ако имате потреба од храна и лекови.
Алатката можете да ја најдете на следниов ЛИНК.