Скулптури од рециклирани часовници

инсектиАнглискиот уметник Том Хардвиџ создава стимпанк инсекти од стара деактивирана муниција и делови од часовници. Секое дело е толку деликатно и умешно составено што понекогаш е тешко да се претпостави од што е направено. Она што е уште поневеројатно е што ова е само хоби за Том кој е дигитален дизајнер.

инсектиПокрај стари куршуми најголемиот дел од неговите материјали се делови од џебни часовници. Тој деловите ги добива од вработените во компанијата The Watch Lab кои ги одбираат специјално за него. Работата за сите инсекти започнува со неколку првични скици, нормално инспирирани од природата. Што се однесува до рециклирањето тој се обидува да најде нова намена за што е можно повеќе делови, и основата за секој инсект е парче деактивирана муниција.
инсектиинсектиинсектиинсектиинсектиинсектиинсектиинсектиинсектиинсектиинсектиинсектиинсекти

- Реклама -