Јапонците имаат чудна смисла за хумор (а и чудна смисла за се друго), но кога се работи за скриена камера и практични шеги, знаат да приредат неверојатна забава. Иако, не ретко, знаат и малку да претераат.
Овој пат, целта е да се пошегуваат со познатата јапонска актерка Аки Такеџо. Навидум се се одвива како и при секоја друга посета на козметичкиот салон. Навидум…
[youtube]http://youtu.be/WBQ5s_zwTNY[/youtube]
Ова не е прв пат Такеџо да наседне на ваквите сценарија. Во следното видео, некој и подава плишано мече „со бомба во него“, велејќи и дека не смее да го пушти. Реакцијата не се опишува со зборови.
[youtube]http://youtu.be/R96tE5vyTPo[/youtube]