Шкода претстави нова генерација на Октавиа

На специјален настан во Млада Болеслав, Шкода ja претстави новата генерација на Октавиа. Автомобилот доаѓа со значително поатрактивен, стилски и динамичен дизајн, во однос на својот претходник, но и со водечки индикатори во однос на внатрешен простор.

Новата генерација на моделот е за девет сантиметри подолга и со 4.5 сантиметри поширока од својот претходник. Благодарение на зголеменото за речиси 11 сантиметри меѓуоскино растојание, возилото ветува уште повеќе внатрешен простор, особено на задната клупа. Како велат од Шкода, не е се кај новата Октавиа поврзано со дизајнот. Автомобилот ќе се нуди со богат избор на нови и обновени системи за активна безбедност, како систем за поддршка на сопирање, за предупредување при ненамерно преминување на основната линија, активна хауба и друго. Автомобилот ќе се нуди со до девет заштитни перничиња (за колената на возачот е стандардно), вклучувајќи странични и задни, што е новина за моделот како целина.

Новата генерација на Škoda Octavia ќе понуди ефикасна гама на погонски агрегати. Идните сопственици на новата Октавиа ќе можат да изберат помеѓу четири бензински и четири дизел мотори, а топ-верзијата на моделот ќе биде опремен со 1.8 литарски TSI мотор со импресивни 180 коњски сили. GreenLine модификацијата на моделот, опремен со 1.6 литарски TDI дизел мотор со 110 коњски сили, ветува дека ќе помине 100 километри со 3.4 литри гориво.

Достапни се механичка и роботизирана менувачка кутија, а од Шкода не кријат дека во моментов се разработуваат и верзии со погон на четири тркала, како и спортска верзија-RS.

- Реклама -