Еден од најбараните модели на Škoda, новината Rapid, ќе добие уште една верзија. Во моментов на располагање се седан и хечбек изведба, а ќе биде предложен и во верзија купе, кој ќе се појави на пазарите догодина.
Со премиерата на новата верзија чешката компанија ќе ја одбележи 30-годишната на оригиналниот Rapid Coupe, кој беше на пазарот помеѓу 1984 и 1990 година. Новата Skoda Rapid Coupe уште не е потврдена официјално, но некои медиуми дадоа информации дека моделот ќе добие и помоќен агрегат. Шпекулираат и дека тој ќе биде многу близу до концептот Rapid RS, која ја видовме на фестивалот во Вортерзе, во Австрија.
Други медиуми тврдат дека палетата на мотори ќе биде слична со онаа на понудените во моментов верзии. Тоа се четири бензински и два дизел мотори, со моќ помеѓу 75 и 122 КЅ. Преносот ќе биде преку механички со 5 или 6-степени и 7-брзински автоматски DSG со двојна спојка.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус