Скапоцен парфем со мирис на пот и сперма

parfe4c95405ade5ddd79d7d59Парфемот Secretions Magnifique во себе содржи мешавина од мириси на
крв, пот, мрсули и сперма, чини 76 фунти и веќе е многу добро прифатен
на пазарот, јавуваат светските агенции.


parfe4c95405ade579d7d59Парфемот Secretions Magnifique во себе содржи мешавина од мириси на крв, пот, мрсули и сперма, чини 76 фунти и веќе е многу добро прифатен на пазарот, јавуваат светските агенции.

Засега парфемот може да се купи во лондонската продавница „Харви Николс“, а го произведува компанијата „Етат либре д’оранж“. Со својот нов и вознемирувачки мирис парфемот Secretions Magnifique се смета за достојна замена на светски познатиот „шанел 5“ или на „отров“ од Диор. 

– Тоа е како љубов и омраза на прв поглед. Тој е толку реален како водење љубов: ве крева во висини и ве доведува до оргазам – велат во компанијата „Етат либре д’оранж“. Во парфемот има и есенции на кокос и на сандалово дрво. 

– Луѓето на кои овој парфем ќе им се допадне се оние што сакаат да направат промени, кои повеќе сакаат да се „реални“ отколку „ароматични“. Но, исто така, мистерија е и зошто некој би сакал да мириса на крв, пот, мрсули и на сперма – вели Рој Дов, експерт за парфеми. виа.

- Реклама -