Скандалозно видео од Собранието: Арбер Адеми крши и удира пратеници со што му дојде при рака (ВИДЕО)

Скандалозно видео од Собранието, на кое претседателот на собраниската Комисија за европски прашања и поранешен министер за образование – Арбер Адеми од ДУИ, крши и буквално удира и фрла со предмети по пратениците од опозицијата, објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ – Миле Лефков, на социјалните мрежи.

„Вака се однесува претседателот на КЕП! Понижување, насилство и навреди во Собрание! Македонија наместо Европа стана див запад со ‘каубоите’ од власта!🤬 “, напиша Лефков на Фејсбук.

Како што дообјасни во следната објава, според него, тензијата настанала затоа што Адеми не дозволил за збор да се јават пратеници од опозицијата и сакал на сила да го протурка законот за продолжување на мандатот на судии и јавни обвинители.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

„На нашите реакции тој буквално здиве! ‘Ој ти таму сус’ на Талат надоградено до бесрамни граници!“, напиша Лефков.

- Реклама -