Сите му честитаат роденден на детето кое мисли дека нема пријатели

Колин поради болета има проблем со запознавање на луѓе. Тој и рекол на својата мајка дека не сака да го прослави роденденот бидејќи нема пријатели. Но бил грешка. Роденденот му го честитале 15 милиони луѓе.Колин на 11 март ќе го прослави својот 11 роденден за кој мајка му, му подготвила големо изненадување.

 

Кога го прашала синот што сака за роденден, дека и одговорил како не сака роденденска забава.

– Кого би повикал? Немам ниту еден пријател, рекол Колин, Детето има болест слична на аутизам поради која што тешко се снаоѓа во друштво.

Неговиот одговор ја скршил мајка му, па таа одлучила да му покаже на своето дете дека има многу луѓе на кои им е грижа за него.

Таа направила страница на Фејсбук на која пријателите и роднините би можеле да му го честитаат роденденот. Таа напишала: поради неговата болест, тешко се снаоѓа меѓу луѓето, па децата на училиште не го сакаат. Сам руча во една соба, бидејќи никој не сака со него да седи за време на ручекот.

Помислив дека пораките за поддршка би биле подобри од роденденска честитка. ве молам да му се придружите на мојот син да му овозможиме заедно да се чувствува посебно на овој ден.

Страницата досега ја лајкувале повеќе од 1, 5 милиони луѓе и на Колин му посакале се најубаво за роденденот.

– И јас имам 11 години. Со задоволство би седел со тебе на ручек. Среќен роденден, му напишало едно дете на Колин.

Колин не знае за оваа страна и мајка му ќе му ја покаже на неговиот роденден, за да му приреди големо изненадување.

- Реклама -