Доналд Трамп Помладиот, најстариот син на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, објави видео на Инстаграм како реакција на веста дека неговиот татко ќе биде личност на годината на американското списание „Тајм“ (Time).
На почетокот на видеото е прикажана насловната страница на „Тајм“ од 2022 година на која е украинскиот претседател Володимир Зеленски. Потоа во кадар се појавува нога која го клоца Зеленски и на насловната страница се појавува новоизбраниот американски претседател со својот препознатлив танц. На видеото се појавува и натпис: „Најдоброто на сите времиња – Доналд Џеј Трамп“.
😵💫🇺🇸 Trump’s son @DonaldJTrumpJr posts this video on Instagram…
How can he stoop to such a low level? pic.twitter.com/xwHdMIRtvP
— Savchenko Volodymyr (@SavchenkoReview) December 12, 2024
Трамп, по првата победа на претседателските избори, во 2016 година беше прогласен за личност на годината на „Тајм“. За личност на годината на „Тајм“ досега се прогласени 13 американски претседатели, меѓу кои и актуелниот претседател Џо Бајден.
Пред еден месец, синот на Трамп го исмејуваше Зеленски и со тоа ги зголеми шпекулациите дека неговиот татко, по влегувањето во Белата куќа, ќе го намали финансирањето на Украина, односно нејзините воени напори против Русија.