Си предлага четири принципи за решавање на ситуацијата во Украина

Претседателот на Кина, Си Џинпинг на денешната средба со германскиот канцелар Олаф Шолц предложи четири принципи со цел да се спречи прелевање на украинската криза и што побрзо да се воспостави мир.

– Прво приоритет треба да биде поддршка на мирот и стабилноста, воздржувајќи се од барање себични цели. Второ, треба да ја смириме ситуацијата и да не долеваме масло на огнот. Трето, треба да создадеме услови за враќање на мирот и да се воздржиме од понатамошна ескалација на тензиите. Четврто, треба да го намалиме негативното влијание врз светската економија и да се воздржиме од поткопување на стабилноста на глобалната индустрија и синџирите на снабдување, наведе Си.

Прочитајте и:  ЕУ ќе добие болен одговор од Москва за земањето приходи од замрзнатите руски средства, порачува Захарова

Тој посочи дека за постигнување на целите потребно е сите страни заедно да работат на воспоставување на мирот што е можно побрзо.

- Реклама -