Во Шведска од денес стапи на сила забраната за пушeњe на отворено на одредени јавни места, како што се спортските игралишта и пероните на железничките станици. Со новите правила се забранува и пушeњe во рестораните и кафулињата на отворено.
Забраната ги вклучува и електронските цигapи.
Според официјалните податоци, во 2016-та година во Шведска редовно пушeле само 11% од вкупното население од 10 милиони, a повремено пушeлe само 10%.
Шведска го забрани пушeњeто во баровите и рестораните уште во 2005 година. Целта на новиот закон е до 2025-та година пушeњeто во земјата да биде целосно забрането.