Новата генерација на Mercedes-Benz C-класа ќе биде претставена на 16 декември, а подготовките за оваа цел течат под полна пареа. Веќе се појавија фотографии на моделот, како и видео во кое тој добива пофалби не од било кого, туку од седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер.
Според официјалната информација поранешниот пилот учествувал лично во развојот на новата C-класа, како експерт за помошните електронски системи. Тие се обединети во еден комплекс, наречен Intelligent Drive. Шумахер учествувал во тестирањето на полигонот во Зинделфинген, па дава висока оценка на т.н. асистент-системи.
-Многу е тешко да бидеш концентриран 100 проценти на одредена работа, особено при подолго патување, истакна Шумахер. – Понекогаш и најмалата небрежност може да доведе до катастрофа. Затоа го поддржувам целосно воведување на слични системи. Тие се секогаш тука да внимаваат, па и при недоволна концентрација на возачот или замор и реагираат веднаш.”
Познато е дека новата C-класа ќе добие многу од електронскит системи за безбедност кои се вградени во перјаницата на брендот S-класа.

Самиот седан ќе биде за 8 сантиметри подолг од сегашната генерација, а во исто време ќе тежи 100 килограми помалку. Според податоците на стартот, на пазарот моделот ќе се нуди со три четирицилиндерски турбо – мотори, два бензински со зафатнина од 1,6 (157 КЅ) и 2,0 (186 КЅ), и еден дизел – 2.2 литри (177 КЅ).