Што потпишавме? На сајтот на владата стои „shared history“, во Обединетите нации стои „common history“ со Бугарија

Македонија не го исполнува Договорот за добрососедство потпишан во 2017 година – ова е една од најповторуваните пораки што ги испраќаат бугарските политичари, но притоа без детално да посочат на кој дел од договорот мислат и со што конкретно земјава не го почитува договореното.

Бугарската редакција на „Радио Слободна Европа“ ги побара одговорите од бугарското Министерство за надворешни работи. Од доставеното, евидентно е дека официјална Софија има поплаки по низа точки од истиот.

Пред сѐ, Бугарија за прекршување го смета отстапувањето од поимот „општа историја“ (на бугарски, значи „заедничка“) наведен во преамбулата на Договорот, и неговата замена од страна на (барем според бугарското МНР) македонските политичари и историчари во заедничката комисија, со терминот „споделена историја“, пренесува „Радио Слободна Европа“ на македонски.

Како пример за ваквото ескивирање, од бугарското МНР посочуваат дека во преводот на англиски јазик, објавен на веб страната на Владата на РСМ, стои терминот „shared history“ (споделена историја) наместо да пишува „common history“ (заедничка историја) како што стои и во Договорот на англиски кој е депониран во Обединетите нации. Македонската редакција на „Радио Слободна Европа“ го проверила ова тврдење и потврдува дека постои таквата разлика. Впрочем, разлика постои и меѓу англиската со македонската верзија објавени на сајтот на Владата. Во текстот на македонски јасно стои „заедничка историја“.

Прочитајте и:  Продолжи судењето за нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб од Охрид

Меѓутоа, според копретседавачот на македонскиот дел од заедничката комисија – Драги Ѓоргиев, значењето на терминот „заедничка историја“ наведен во Договорот – не е дефинирано. Односно, како што тврди тој, тоа значи дека членовите на Комисијата треба да дискутираат за ова прашање, притоа следејќи ги достигнувањата на современите општествени и хуманистички дисциплини, а не на политиката.

„Поимите кои ги спомнувате во прашањето треба да бидат толкувани согласно таа дебата, а не еднострано разбрани како историја на само еден народ“, вели тој за „Радио Слободна Европа“.

Интересно е што и самиот Ѓоргиев истакнува дека покрај овие, во англискиот јазик се користеле и други поими, како на пример „entangled (испреплетена) историја“…

***

За Бугарија, меѓутоа, ова е само еден од проблемите. Официјална Софија дека Скопје го прекршува Договорот и во областите на формулација на јазикот, застој во работата на историската и меѓувладината комисија, поддршка на претензиите за признавање на македонско малцинство во Бугарија и говор на омраза и пречки за бугарскиот бизнис во Северна Македонија. Повеќе детали за тоа прочитајте ТУКА

- Реклама -