Европскaта поделба на Ford направи кратка анализа, односно синтетизира дел од трендовите кои компанијата ги следи на европскиот пазар.
Според истражувањето Car Buying Trends, фирма на синиот овал, до пред некое време корисниците во Европа и даваа предност на црната боја кога е во прашање екстериерот, но сега, спортед анализите, на мода е белата. Во Романија на купувачите повеќе им се допаѓа синото, во Германија сребреното, а во Норвешка кафена.
Дури 3/4 од Германците избираат нов автомобил, опремен со активен систем Active City Stop, кој гарантира автоматско вклучување на системот за сопирање при движење со брзина до 50 km/h, а во Швајцарија масовно се порачуваат со систем за предупредување при ненамерно преминување на централната линија.
Најпопуларни, според истражувањето на Ford, во Европа се петвратните модели, а 1/3 од продажбата се каравани.