Според маркетинг истражувањата на фирмата Strategic Vision, луксузниот седан електричниот Tesla Model S е најпосакуван (most – loved car) во САД. Сосема изненадувачки за некои, мошне почитувана е и луксузната марка Cadillac, но и корејска Hyundai, која заедно со Tesla Motors ја затвораат тројката на најпосакуваните марки од Јенките.
Може секогаш да се дискутира за вкусови, но луѓето на Strategic Vision се оградиле за многу нешта и се обиделе да дефинираат барем дел од афинитетите на купувачите од преку Океанот кон одделни модели и марки, рангирајки ги нивните квалитети и вредности на скала од 1 до 7. Во анкетата клучни биле впечатоци од сигурноста на автомобил, задоволството од управувањето и лојалноста кон брендот.
На крајот Model S добил Love Score oд 852 поени од максималните 1.000, Cadillac Escalade ESV е втор со 772 поени. Од хибридите високо котираат Nissan Leaf и Toyota Prius C хибрид и се многу блиску еден до друг со резултатите од 541 и 540 поени, а Chevrolet Volt со неговите 601 бод е најпосакуван модел со алетрантивно управување.
Hyundai има најмногу модели од сите производители на оваа листа на која се: Elantra GT, Equus, Genesis, Sonata и Santa Fe.