Што ако целиот свет живееше во една зграда?

Real Life Lore се истите дечки што прашуваа што ќе се случи ако сите луѓе живееја во еден град. Сега одат чекор понатаму: што ако целиот свет живееше во една зграда?

Колку би била голема таа зграда што би собрала 7.4 милијарди луѓе?

Одговорот е навистина изненадувачки – не многу голема. Таа означена со црвено на сликата погоре би била сосема доволна, а би зафаќала само неколку блокови од Менхетн.

Е сега, таквата зграда би била висока 1346 метри, а толку долга би била и секоја од страните, но Бурџ Калифа е висока 829 метри, па таквата висина е сепак нешто што би се сметало во рамките на изводливото. Од друга страна, секој во таа зграда би живеел во простор колку еден ковчег – но поентата е дека ние луѓето би можеле да изградиме една таква зграда.

Но ајде да одиме малку пореалистично. Да видиме колку луѓе можеме да напикаме во објектите што човештвото веќе ги има изградено.
Најголемиот од затворените стадиони – Rungrado Stadium во Пјонгјанг, Северна Кореја, максимум може да собере 114.000 луѓе. Нацистичка Германија, од друга страна, планирала по Втората светска војна да го изгради Volkshalle – тој би собрал 180.000 луѓе. Отворените стадиони би можеле да соберат 235.000 луѓе – како што е Indianapolis Motor Speedway, но пак, Германците имале план да го направат Deutsches Stadion во Нирнберг – тој би собрал 405.000 луѓе.

Ако зборуваме за други структури и се позабавиме со малку математика околу тоа колку луѓе би собрале, излегува следново:

• Големата џамија во Мека, Саудиска Арабија – 4.000.000 луѓе
• Гигафабриката на Tesla – 2.650.000
• „Кристалниот Остров“ во Москва – 12.500.000 луѓе
• Фабриката на Боинг во Вашингтон (Boeing Everett Factory) – 40.831.000 луѓе.

- Реклама -