Шпанското село Тригерос де Ваље, во кое што живеат речиси 330 жители, одлучи речиси да ги изедначи праватa на мачките и кучињата со човековите.
Животните во иднина во сите официјални документи на локалните власти ќе бидат означени како „ Жители на селото кои не се луѓе“.
„ Кучињата и мачињата живеат меѓу нас повеќе од илјада години. Мојата работа е да бидам тука и за нив, а не само за луѓето“, изјави градоначалникот Педро Перез Еспиноса.
Активистите за заштита на животните се задоволни со оваа несекојдневна одлука и се надеваат дека остатокот од Шпанија ќе се угледа на Тригерос де Ваље.