Шолц: Војната во Украина нема да се претфори во судир помеѓу НАТО и Русија

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Берлин ќе остане сојузник на Киев сѐ додека е потребно и ќе продолжи да испорачува оружје, вклучително и артилерија, со што јасно, како што нагласи, ќе се избегне војна помеѓу Русија и НАТО.

„Германија е една од земјите што најмногу ја поддржува Украина. Се разбира, САД се лидери, но сите членки на ЕУ му помагаат на Киев и ќе продолжат да го прават тоа. Што се однесува до Германија, ние им помагаме хуманитарно, економски и воено“, посочи Шолц на Светскиот економски форум во Давос.

Тој наведе дека Германија на Украина ќе ѝ достави и артилериско оружје, хаубици и ракетни фрлачи со повеќе цевки.

Прочитајте и:  Полска компанија илегално испорачала стотици илјади парчиња швајцарска муниција во Украина

„Секако, нема да направиме ништо сами, туку во договор во ЕУ и со САД. Храбриот украински народ може да се потпре на нас и нема да дозволиме да се претвори во конфликт меѓу Русија и НАТО“, посочи Шолц.

МИА

- Реклама -