Шолц до Кина: Не му испраќајте оружје на агресорот – Русија

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја повика Кина да не ѝ испраќа оружје на Русија како помош во војната против Украина, туку наместо тоа да ја притисне Москва да ги повлече своите војници од оваа земја, пренесоа британските медиуми.

Според Шолц, разочарувачки е тоа што Кина се воздржува од осуда на руската инвазија. Сепак, федералниот канцелар ги поздрави напорите на Пекинг за намалување на нуклеарните тензии.

„Мојата порака до Пекинг е јасна: искористете го вашето влијание во Москва за да повикате на повлекување на руските трупи. И не му испорачувајте никакво оружје на агресорот Русија“, рече Шолц во говорот во германскиот Парламент.

МИА

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи
- Реклама -