Шолц го увери Зеленски дека ќе има германска поддршка „колку што е потребно“

Германскиот канцелар Олаф Шолц го увери украинскиот претседател Володимир Зеленски за поддршката на Германија во борбата против руската инвазија врз Украина.

„Ќе ве поддржуваме сè додека е потребно“, рече Шолц на средбата со Зеленски во неговиот кабинет во Берлин. „Оваа солидарност е трајна и е силна“, истакна тој.

„Додека руската безмилосна 444-дневна војна за агресија имаше големи геополитички последици, таа првенствено влијаеше на украинскиот народ“, рече германскиот канцелар, јави ДПА.

Тој истакна дека Германија досега обезбедила воена и хуманитарна помош во износ од 17 милијарди евра (18,6 милијарди долари).

МИА

Прочитајте и:  Зеленски: Украина можеби ќе треба да почека и да го надживее Путин за да си ја врати територијата
- Реклама -