Шолц: Германија секогаш ќе ја поддржува Украина, но НАТО не смее да влезе во конфликтот

Германија секогаш ќе биде предводник на поддршката на Украина во војната против Русија, но ќе се обиде да се погрижи конфликтот да не ескалира до точка каде што ќе биде вклучен и НАТО, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц, откако го одобри испраќањето на тенкови „Леопард 2“ во Украина, како од Германија, така и од партнерските земји кои ги поседуваат.

„Германија секогаш ќе биде во првите редови кога е во прашање поддршката за Украина“, рече Шолц.

Во првиот пакет за Украина ќе бидат испорачани 14 тенкови „Леопард“ од германските воени резерви, а Германија за нив ќе обезбеди и логистика и муниција.

Извор: МИА

Прочитајте и:  НАТО и Киев закажаа состанок: Руското експериментално оружје нема да има ефект во конфликтот, ниту ќе ги одврати сојузниците од поддршката за Украина
- Реклама -