Нов хит на YouTube: во утринската емисија „This Morning“, кај 32-годишната водителка Холи Вилоубај гостуваше британската риалити ѕвезда Кејти Хопкинс која со својата изјава ги шокираше сите.
Во емисијата, Хопкинс зборуваше дека пријателите на своите деца ги бира според имињата и ги суди луѓето според тоа како се викаат.
Смета дека детските имиња како Шантел, Шармејн, Шардоне, Тајлер и други им припаѓаат на луѓе од „ниска и проблематична класа“. Нејзините деца немаат пријатели со тие имиња.
„Многу можеш да дознаеш од нечие име, постојат неколку имиња кои просто ми се одвратни. Преку името сфаќам од која класа е тоа дете и си поставувам прашање – сакам ли моите деца да си играат со нив? Шардоне, па не сакам моите деца да си играат со некој кој добил име по вино“, рекла 38-годишната Кејти.
На ова водителката се изнервирала тврдејќи дека тоа е „снобовски“ и дека Хопкинс е полна со предрасуди.
„Зошто би го правела тоа? Зошто? Не ми е јасно. Слушни се, тоа што го зборуваш е грозно“, рекла Холи, за на крај да „пукне“ и да и каже: „Е сега е доста, доста, доста. Нема веќе да зборуваме за тоа“.
Видеото стана вистински хит и за една недела „собра“ над 10 милиони кликови на YouTube. Инаку децата на Кејти се викаат Индиа и Попи, кои таа ги смета за фини имиња. Погледнете го видеото кое ја шокираше јавноста
[youtube]http://youtu.be/edZjdgU0asM[/youtube]