Шојгу: Заканите од НАТО растат, Русија формира 12 нови единици и одреди

Москва, 20 мај 2022 (МИА) – Се зголемуваат тензиите во зоната на одговорност во Западниот воен округ на Русија, а државата презема интензивни мерки за да се спротивстави на тоа, изјави рускиот министер за одбрана на Русија Сергеј Шојгу во врска со барањето на Шведска и Финска да бидат примени во НАТО.

На колегиумот на Министерството за одбрана на Русија, Шојгу предупреди дека САД и НАТО го зголемуваат обемот на оперативни и борбени подготовки во близина на руските граници и посочи дека повеќе од 40.000 војници учествуваат во серијата воени вежби „Заштитник на Европа“.

„Со цел да се одговори на заканите на руските западни граници, до крајот на оваа година во Западниот воен округ ќе бидат формирани 12 нови воени единици и одреди“, рече Шојгу.

Прочитајте и:  Сијарто: Зеленски го вовлекува НАТО во украинскиот конфликт, а тоа значи светска војна

Зборувајќи за ситуацијата во Украина, Шојгу истакна дека повеќе од 1.900 „украински националисти“, блокирани во фабриката „Азовстал“ во Мариупол, им се предале на руските сили.

„Продолжува блокадата на фабриката Азовстал, рече Шојгу и истакна дека цивилите, за кои тврди дека како заложници биле држени од украинските борци, се евакуирани од фабриката за челик. Станува збор за 177 лица, меѓу кои 85 жени и 47 деца. Сите добиле соодветна медицинска и психолошка помош“, истакна рускиот министер и додаде дека досега 1.908 луѓе од Азовстал го положиле оружјето.

- Реклама -