Не е тајна дека Škoda ќе лансира два нови кросовери во наредните години и дека беше планирано еден од нив да биде Snowman. Најновите информации велат дека Чесите сега се откажуваат од името Snowman, а тоа го потврди претседателот на компанијата, Винфрид Валанд.
Топ менаџерот ги откри и првите детали за двата нови модели. Поголемиот ќе биде со 7 места, а ќе треба да им конкурира на Kia Sorento и Hyundai Santa Fe. Цената на кросоверот сепак нема да надминува онаа на сегашниот предводник на марката – Suberb. Валанд не даде повеќе детали, но откри дека нема да има V6 мотори, кои првично беа најавувани. „ Да не се лажеме – 6-цилиндричните мотори се на заминување, тие се историја. Иднината на автомобилската е во 4-цилиндерски мотори, турбо-компресори со висок степен на економичноста на гориво, коментира шефот на Škoda.
Валанд додаде дека вториот од двата нови модели ќе се распореди под Yeti во гамата на компанијата. Тој ќе биде помал, како според димензиите, така и според цената. За да се постигне последното, кросоверот ќе се нуди само со преден погон.