Казната од 45 евра за арачиновецот што влета со Бентли на скопскиот плоштад е само првична казна, уверува скопскиот градоначалник Петре Шилегов, по вчерашната порака дека „никој не е над законот“.
Прекршочна постапка и издавање на глоба од 45 евра е минимумот, посочи тој, но во случајот со „Бурим Харачина“ постојат и елементи на кривично дело, кое ќе биде процесуирано и ќе следува и друга, поголема казна, смирува градоначалникот, пренесува „а1он“.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пак, прашан за случајот, денеска изјави дека се согласува дека казната е премала и рече дека случајот покажува дека треба да се размислува за измени на законот за поголеми казни кои би ги одвратиле сторителите.