Шевролет подготвува револуција со новата Корвета

Промената на генерациите кај Chevrolet Corvette ќе доведе до револуционерни модификации во неговата конструкција. Во основна ќе биде промената положбата на бензинскиот мотор, како и појавата на уште еден мотор – електричен.

733_Chevrolet-470-1[1]

Целосно новиот Corvette ќе биде претставен на салонот во Детроит, во јануари 2018 година. Супер изведбата ќе има многу технолошки и технички нови решенија на кои се работи, а конструкцијата веќе е речиси подготвена. Моторот исто така ќе биде целосно нов – бензински V8, кој ќе развива околу 500 КЅ. Цената на автомобилот ќе стартува од 80.000 долари, што е доста сериозно поскапување. Во моментов основниот Chevrolet Corvette во САД се нуди за 55.000 долари, а за 80.000 клиентот може да ја добие топ-верзијата Z06, опремена со мотор со 650 КЅ.

337_Chevrolet-470-2[1]

Околу една година по премиерата на моделот ќе биде претставена и неговата најмоќна и најбрза верзија. Таа ќе биде хибридна, а како основа на погонот ќе биде поставен новиот V8 мотор. Неговата работа ќе биде помогната од електромотор кој ќе ги управува предните тркала. Каква ќе биде моќноста на оваа опција, засега не е познато. Пред доаѓањето на новиот Corvette во компанијата планираат да ја испратат со почести сегашната генерација. Следната година ќе се појави обновена изведба на моделот, кој ќе биде последен со предно поставен мотор. Се очекува таа да биде помоќна од сегашното Z06, што забрзува од 0 до 100 km/h за 3 секунди.

Автоплус

- Реклама -