Шест години од смртта на Шон Конери

На 31 октомври 2020 година, на 90-годишна возраст почина Сер Шон Конери, светски познатиот актер кој се прослави со улогата на Џејмс Бонд.

1
Шест години од смртта на Шон Конери
Фото: Нетпрес

Легендарниот шкотски актер е познат по многу филмови, вклучувајќи ги „Лов на црвениот октомври“ „Карпата“, „Индијана Џонс и последната крстоносна војна“, „Недопирливите“, „Името на розата“ и многу други. Шон беше првата ѕвезда што ја играше улогата на агентот 007 на големото платно и се појави во седум хит филмови во оваа позната франшиза.

Добитник е на голем број филмски награди, меѓу кои и Оскар за најдобра споредна машка улога во „Недопирливите“ во 1988 година, две награди БАФТА и два Златни глобуси.

Конери доби титула почесен витез од кралицата Елизабета во 2000 година. Но, тој е подеднакво сакан и почитуван од неговите колеги Шкоти.

Поранешниот шкотски премиер Алекс Салмонд реагираше на смртта на Конери, опишувајќи го како „најголемиот Шкотланѓанец во светот, последен од вистинските холивудски sвезди, совршениот Бонд“.