Албанскиот министер за Европа и надворешни работи Игли Хасани ги поздрави „историските резултати на Албанците во Северна Македонија“ на вчерашните избори.
„Го поздравувам историскиот резултат на Албанците во Северна Македонија на изборите на 8 мај 2024 година. За сите нас сегашноста има само еден заеднички именител: соживот меѓу етничките групи, религиите и културите во хармонија и меѓусебно почитување. Иднината се движи само во една насока: кон Европската унија и семејството на демократските земји“, напиша Хасани на Х.